од Владимир Лукаш

Облечени в џуџести ѕиври
в зима се љубат две колибри.
Си џивкаат како орел голем
и си кркаат магичен полен.
Полен в зима?, се побунила чавката;
Сенешто, измрчела мравката.
А колибрите вљубени в лет,
танцувале зујлив балет.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар