од „Азбукварка“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска
Њ е срамежлива буква.
Њ не сака да се истакнува.
Њ не е на почетокот на зборот
Њ е пикантно пикната во:
свиња, дуња, диња…
Њ ја има на крајот,
срамежливо во зборот коњ
Њ е главна кога ги именува
големите градови:
Њу Делхи,
Њу Орлеанс,
Њујорк… некакви
Њ градови.





Напишете коментар