од Андреј Розман Роза
Тик-так, тика-така,
цел час брза, оди.
Чекор, чекор, така-вака
показалка оро води.
Поради тоа што е млада,
не сака в редица да чека
и полека да оди,
за да јурне таа севезден пека.
Еве ја брзо лета
ко вистински атлет:
времето вели два,
а таа веќе одминала пет.
Но, што се случи сега?
Не е за верување!
Наместо честитки,
ја носат на сверување.
Препев од словенечки: Дарко Спасов
Илустрација: Freepik
© Андреј Розман Роза. © Чудна шума, за оваа објава. Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на овој текст во целост ниту во делови.





Напишете коментар