од Владимир Лукаш

„Пајачке, кажи како да се роди
проста и строга шумска басна
од животниве што со себе водат
разговор брлив без поента јасна?“

„Не цитирај ми го Конески Блаже,
мајмуну палав што висиш на јаже,
туку стивни глас, полноќ мина,
сте се развревиле ко на бина!“

– пајачката рече и продолжи да плете
креветче за своето најмало дете,
а мајмунот палав – господин Гибóн,
од срам потона в длабок сон.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар