од Андреј Розман Роза
Малата млечнозаба Сара
сè освен млеко и путер бара,
од јогуртот ужасно се гади,
а од сирење солзи вади.
Мама вели: „Од храната со млеко
се живее здраво - леко!
Без сирење, урда, масло, не е шала
и да пораснеш ќе останеш мала!“
Сара ја теши својата мама:
„Јас ја сакам млечната храна,
а во неа спаѓа
и млечната чоколада“.
Препев од словенечки: Дарко Спасов
Илустрација: Freepik
© Андреј Розман Роза. © Чудна шума, за оваа објава. Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на овој текст во целост ниту во делови.





Напишете коментар