од Катја Вибе (Katja Wiebe), рецензија од каталогот „Бели гаврани“ (White Ravens) 2023


Каква прекрасна приказна во слики е ова, објавена од страна на малата издавачка куќа Чудна шума. 

Тигар на улица раскажува приказна за едно девојче кое бега од банда други деца што ја следат и ја задеваат.

Читателите се во можност да му помогнат на девојчето со тоа што ќе превиткаат една страница и ќе креираат скривалиште. Кога девојчето паѓа низ дупка и доаѓа до копчето за помош, наеднаш под него, на улицата, се појавува тигар.

Потоа, заедно со девојчето тие рикаат и успеваат да ги исплашат прогонувачите. Тигарот го испраќа девојчето до дома, а веќе на следната страница читателите се сретнуваат со песната насловена Тигар на улица од Данил Хармс. Тоа е текстот од кој е инспирирана претходната приказна. Текстот се врти околу прашањето зошто одеднаш на улицата се појавува тигар.

Песната на Хармс не дава никаков одговор на ова прашање, но приказната на Билјана Црвенковска и Катерина Николовска за самодовербата и храброста дава одличен одговор. И на крајот читателите сфаќаат дека тигарот бил, всушност, само едно маче.

Напишете коментар