Лисицата е животно со средна големина што живее во шумите. Има долго тело, со голема бујна опашка, големи уши и долга рилка. Има повеќе видови на лисици, но најчесто тие имаат убаво густо портокалово крзно. Таа е далечна роднина со волкот и кучето.

Pexels / Pixabay

Лисицата е грабливо животно и многу вешт ловец. Најчето лови мали глувци, гуштери, птици, а некогаш дури и инсекти. Се движи многу тивко и тешко може да се забележи кога минува низ шумата. Освен во шумите, таа може да се сретне и по ливадите, полјаните, но и покрај реките и езерата.

За разлика од другите животни, лисиците не живеат во групи и поголемиот дел од животот го поминуваат сами, трагајќи по храна.

Овие животни не гледаат добро  додека е ден, но затоа имаат одличен слух. Тие може да слушнат движење на друго животно оддалечено со километри од нив. Лисиците помеѓу себе комуницирааат со виење слично како волците. Секоја лисица има свој глас и тие, исто како и луѓето, можат да се распознаваат по гласот.


Напишете коментар