Дали сте слушнале дека…
Постои планета која е претежно направена од дијамант. Наречена „55 Cancri e“, таа е околу двапати поголема од Земјата и оддалечена околу 40 светлосни години од нас, во соѕвездието Рак.
Всушност, иако малку се знае за оваа планета, една од претпоставките е дека третина од нејзината маса е направена од јаглерод, од кој поголемиот дел може да биде во форма на дијамант, како резултат на високите температури и притисокот во внатрешноста на планетата.






Напишете коментар