Пишува: Соња Исмаил
Добив многу слатка задача од мојата драга пријателка Билјана Црвенковска, заедно со ќерка ми да прочитаме неколку детски книги, во издание на нејзината издавачка куќа „Чудна шума“ и да ги споделиме нашите мисли и доживувања.
Уживавме во секој миг ❤
Каде е мојот дом

Kнигата „Каде е мојот дом” од Сезен Аксу Ташјурек, во издание на „Чудна шума“ е вешто испишана приказна за нас, луѓето и за тоа како низ еволуцијата човекот се развива и станува бесчувствителен и немилосрден уништувач на природата. Фабулата која е оплеменета со магични илустрации ни ја доближува главниот лик – Верверичката, која нѐ носи на патување од праисторијата до денес. Таа упорно трага за свое прибежиште, свој дом, но и засолниште од човекот кој во својата желба за напредок, понекогаш заборава на сопствената врска со природата. Па така, за да изгради себеси дом, човекот ги уништува домовите и световите на другите живи суштества. Природата сѐ побргу исчезнува и бива заменета со бетон и пластика. Предизвиците на кои наидува храбрата верверичка во непоколебливата потрага по нејзиниот дом, дефинитивно ќе ги поттикне дечињата да размислуваат за нивниот однос кон природата и живиот свет, а ќе ја разбуди и нивната емпатичност.
Ева: „Човекот ѝ направи стрес на верверичката!”
Оваа приказна на најмалите читатели им ја открива и можноста за свет кој може да биде подобар, поубав и поправеден за сите живи суштества.






Напишете коментар