од Ванчо Полазаревски
Во градина,
сладина,
жар црвена
јаготка,
стројна
војвотка.
Сонце, вода
и даруваа
радост,
таа за
гостите
спрема
сладост.
Поминаа
пајчиња три,
ја скинаа,
си заминаа.
Сега ги чека
блажина –
попладневна
ужина.
Само…
три пајчиња,
а јаготка
една?
Дилема
вредна.
Ако се
подели
на три,
на пајче –
по третина,
работата ќе
биде за милина.
Затоа првото
пајче,
јаготката
ја носи,
другото
свирка
а третото,
третото е –
Мирка.
Илустрација: Наташа Костовска





Напишете коментар