од Александра Симова Клинчарова


До, ре, ми! 
Не, не – згреши! 
Се развика учителот
И песната ја реши. 

Остана занемена 
Малата сипа
Што, кај згрешив? 
Почна да липа. 

Фалшираш, да! 
Немаш ни слух! 
Рече учителот кит 
Не те бива ни за дух! 

Ама јас знам да пеам
Знам и да свирам
А можам и струите 
Морски да ги смирам... 

Оставете ме да пеам 
Во само свој тон 
Вие не го ни слушате 
Мојот мек баритон! 

Се налути сипата 
И викна јасно 
Се залула морето 
На сите да им е јасно! 

Извини, другарке 
Рече учителот кит 
Мене така ме учеле
Ама изгледа е мит. 

Пејте си сите по свое 
Не паѓајте на тонска замка 
Разлејте се низ морето 
И подалеку од рибарска мамка.

Илустрација: Vecteezy

Напишете коментар