од Ванчо Полазаревски


Еј, почна, жива згода,

радување и лудување,

на песок и во вода,

т.н. – морско летување.

Но што е ова?

Три рипки од Калитеа

просто немаат идеја,

зошто некои жени,

деца и мажи,

во вода и по плажи,

на правила им пркосат,

заштитни маски не носат.

„Чудно, тоа го знае

секоја типка, секоја рипка

од Халкидики.“

вели рипката Еленики,

“… маска се носи да немаш

со короната неприлики.

Оти таа е поопасна

од јадици и мрежи

плус, маскава, бар мене,

супер ми лежи.“

Браво за трите рипки,

од убавата Калитеа,

алал да им е за

нивната умна идеја.

Своето лице красно,

го украсија со маска,

барем на нив им е јасно –

вирусот е стварен,

не е некаква си скаска.


Илустрација: Алексеј Костовски

Напишете коментар