Носорогот е голем цицач, кој иако не делува така, но е животно од истата група како коњите и зебрите. Овие огромни животни, заедно со слонот се едни од најголемите животни на светот.

Nel Botha / Pixabay

Името го добиле по израстокот на врвот на носот во форма на рог. Овој рог само личи на коска, но всушност е сличен како роговите на елените. Некои видови на носорог имаат два, а некои само еден голем рог на главата. Телото им е обвиено со многу дебела кожа, која личи на мек штит.

Иако делуваат тешки и тромави, тие се многу брзи и често трчаат. Носорозите живеат во големи групи наречени стада, кои населуваат топли и суви места наречени савани. Таму живеат заедно со другите савански животни како лавот, жирафата и зебрата.

Тие не ловат, a рогот им служи за самоодбрана. Се хранат со трева и мали зелени грмушки.

Носорозите ги има сѐ помалку, бидејќи луѓето сѐ повеќе ги ловат, верувајќи дека нивните рогови се лековити.


Напишете коментар