од Владимир Лукаш

Клукајдрвецот Клучко еднаш,
заедно со полжавот Веднаш
и со нервозната болва Чеш,
појдоа да го бараат исчезнатиот еж.
Го бараа под дрво и под камен,
го бараа под мраз и под пламен,
го бараа низ брда и провалии,
го бараа низ вештерства и амајлии,
го бараа во тромбонот на слонот,
го бараа во роговите на муфлонот,
го бараа во тегла со кантарионска маст,
но од ежот ниту трага ниту глас.
Каде, о, каде ли се скрил
тој боцкавко маломуцен мил?
Ене го – в лисје од есенска палма,
заспал ко лама в памучна пижама.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар