од Александра Симова Клинчарова


Цело утро глас се слуша 
Некој вика, се дере, урла
Кој ли има толку сила?
Ооо − тоа е слоновска сурла!

Мене никој не ме слуша
Се налути малото слонче
Никој не ми дава благо
Дури ни едно бонбонче!

Но тоа не е здраво,
Објасни стариот слон
Лапни овошје и зеленчук
Од тоа се расте цел тон!

Но јас сакам и крофна
И вафла и палачинка
Не мора ни цела да е
Еве може и четвртинка!

Се насмевна мајката слоница
И си рече, па има право!
Најдобро е кога има рамнотежа
Тоа е она што нѐ прави здрави.

Му даде на малото слонче
Вкусно чоколадо – но само еден ред
А потоа лапна и таа самата
И се гушнаа под големиот дрворед.

Илустрација: Vecteezy

Напишете коментар