од Владимир Лукаш
Магарето Фернандо Магарлан
на далечна пловидба се вдаде,
откако скова амбициозен план
пржени компирчиња да јаде.
„Ќе пловам таму кај што компири има!“
– му соопшти на португалскиот крал.
„Растат в лето, се јадат в зима
– веќе никој ќе нема стомак мал!“
„Смотано магаре, Америка е тоа,
Кристофер Коњумбо ја откри, нели?
Ти кон Индија пловиш, преку Самоа,
отвори мапа и не гали ајкули бели!“
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар