од Александра Симова Клинчарова

Си намести будилник
Се разбуди рано
За да сплете џемперче
За настап по пијано.
Се разработи и плете
Малото пајаче Цветко
Со сите осум раце и нозе
Ваков труд се гледа ретко!
Морам да брзам
Навреме да стигнам
За костумот на сестра ми
Ако треба паника ќе дигнам!
Таа сака фустан црн
Со сјај и светки да блешти
Како ли да го направам
Рацете не ми се толку вешти!
Цветко почна да плаче
Да се мурти и да липа
Од солзите фустанот светна
Од возбуда тој срипа!
Каков фустан, каков модел!
Па јас сум моден херој!
Сестро, дојди брзо тука
Сум ти направил модерен крој!
Цветко, па ти си цар!
Извика сестрата од тоалетот
Со гордост ќе го носам
Дури и на Охридско лето!
Илустрација: Vecteezy





Напишете коментар