од Владимир Лукаш


– Скокалник – јарецот планинар 

му рекол еднаш на муфлонот – скар! 

Муфлонот сто солзи истркалал, 

в кал сиот се извалкал, 

на фламингото му се развикал 

и слонот в ќебе го завиткал. 

– Што ти е, брат муфлон, 

изгледаш ко да те акнале со тефлон. 

Оти така гледаш тажно 

ко сѐ да ти е важно? 

– утката тивко го праша 

муфлонот помал од зрно грашок. 

– Не сакам кога ми се лутат 

– ѝ шепнал муфлонот на старата утка.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар