од Ванчо Полазаревски


Убаво едно дрво, во еден двор,
живееше победно и од најбедниот створ.
Вода добиваше само од дожд,
едноставно, стопанот беше многу лош.
Еднаш, нешто без врска, го изнервира,
му се доближува тој, во раката – секира.
Дрвото гледа,  работава не е шега,
скутови вчас крена и летна да бега.
И, ако видиш дрво, поземи скутови да влече,
сигурно тоа е дрво од тој двор,
кого газдата решил до го сече.
Па ќе си речеш, зар таков хотел за птици,
да стане туку-така купишта штици?
Никако. Ќе го прибереш дрвото дома,
ко на гости да каниш најубава мома.
Дај му вода, сонцето само ќе го грее,
со ластари нови секој ден ќе се смее.
А некое златно, есенско пладне,
кога круша во скут ненадејно ќе ти падне,
тоа ќе биде од него мал, скромен дар,
радост што има добар и стопан и другар.


Илустрација: Наташа Костовска

Напишете коментар