од Владимир Лукаш


Една мравка се дотерува
и со лицкање претерува:
прстени, обетки, синџири,
разни тинтири-минтири,
панделки, лакирани чевли,
џиџиња изработени од плевел,
блузи од бело шумско кадифе,
па дури и врвки од Тенерифе.

Некој ќе праша за каде се дотерува
и дали недотерана ќе ја протераат,
но работи од утро до утро
таа мала мравка кутра
и ако сака и златни влечки ќе носи,
на своите црни ножиња боси.

Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар