од Ванчо Полазаревски
Мај, време за
свадби стаса,
врапчо Денко,
зет прва класа.
Решил да
се жени,
за убавата
врабица Дени
Нејзе за пиленца
многу ѝ се вјаса,
сака гнездо на втор кат,
базен и тераса.
Со два куфера гранки,
увоз од Италија, танки,
цврсти и млади,
Денко итно ќе гради.
Илустрација: Наташа Костовска





Напишете коментар