од Владимир Лукаш


Сладоледџијата Врапче врапчешкум,
на сите сладоледи им беше кум.
Ги измисли елколино, боролед и чококактус
и скришно на сладоледите им пееше блуз.
Ах, колку ли шумски лета
во сладоледџилницата орел му слета,
па пантер, па пума
па целата шума!
Соколот сака ванила, ежот – цреша,
коњот сака вкусови да меша,
а глистата, таа смела цртка,
сакаше од сѐ по малку да крка.
Сладоледџијата Врапче
правеше сладоледи на стапче
и корнети големи ко слон,
со топки ко патнички балон!

Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар