од Ванчо Полазаревски
Едно прасе пасе,
ама нема ден да нема,
да не го крка тешка дилема:
„Некој сака да краде,
мене… само ми се јаде.
На пример, оваа слатка диња,
ако ја лапнам, ќе станам свиња.
Ако останам вака, прасе,
со оваа, видете… нежна линија,
за час, кај некој гурман,
ќе му гостувам на чинија.
Ех, прасешка судбина тешка
Како да се справам, што да правам…
излегува – грешка!“
Илустрација: Freepik





Напишете коментар