од Ванчо Полазаревски

Вилино коњче,
брзо авионче,
слатко свилено
бонбонче,
беше во лов,
и не само тој...,
на комарци рој.
Кога... од кај да знае,
кога е лудница,
па луѓе, мај е,
влета во една скаска,
со самовилчето Васка.
Вчас вилиното коњче,
брзото авионче,
стана летачко такси
и рече: „Отсега
викајте ме Макси.“
„Брзај, Макси,
ти си сега такси“
му рече самовилката Васка
од нашата скаска.
„Заборави оси, пчели
комарци и мрави,
сега друго ќе се прави.“
Летаа тие, летаа
и во друга сказна
експресно долетаа.
Во неа слон и мравка се
закачиле, се спречкале,
дури и малку се бореле.
Била тоа невидена бука,
но само кога слушнаа
дека самовилата Васка е тука
веднаш се гушнаа, воздивнаа,
срамежливо кивнаа, се насмевнаа
и со кавгата стивнаа.
Илустрација: Freepik





Напишете коментар