Инсект кој се карактеризира со големи повеќеслојни очи, два пара силни проѕирни крилја, и издолжено тело. Вилините коњчиња имаат шест нозе (како и секој друг инсект), но повеќето од нив не можат да чекорат добро. Тие се едни од најбрзите летачки инсекти во светот. Се хранат со комарци и други мали инсекти, како муви, пчели, мравки, оси и др. Често се наоѓаат околу езера, бари, потоци и мочуришта. Иако вилините коњчиња се грабливци, тие самите се ловени од други грабливци како птиците, гуштерите, жабите, пајаците, рибите, па дури и од други вилини коњчиња.






Напишете коментар