од Владимир Лукаш
Кобилата Ихалина учеше да прави
салто мортале на поле со крави.
Скокна еднаш, скокна десет пати,
почна коњскиот ум да ѝ се клати.
„Ихалина, или паси, или одгалопирај,
не туку со скокање ми се глупирај!
Остави нѐ да си пасеме в кравји мир,
ова е пасилиште, не терен за турнир!“
– кравата Вимка луто на Ихалина ѝ мукна
и со копитата силно врз тревата чукна.
„Вие, па, крави, само да пасете знаете,
кај што има трева, само таму се шлаете.
Трчнете малку, испентарете се на секвоја,
нека ви фати малку лицето сончева боја.
Муу, па муу, везден едно исто зборувате,
доста се муртите, почнете да се радувате!“
– Ихалина на кравите другарски им рече
и кон планина закаска костени да пече.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар