од Ненад Јолдески

Цело утро малиот лисец Оли
чорапите ги бара и моли
од вчера им се изгуби трагот
успеале, го преминале прагот

Во двор околу куќа бара
таму најде скршена гитара
количка што ја има од бебе
едно заспано малечко ждребе

Се сети во река се бањаше
па го праша речниот аташе
„дабаре да не си видел чорапи
вчера некој мислам ме ограби”

„Тука имаше чорапи со срциња црвени стварно
чекав и чекав, со часови ги чував солидарно ,
никој не дојде да ги земе, а сонце веќе зајде
ги оставив тука, мислeв сопственикот ќе ги најде “

Бара чорапи низ цела шума
не најде ништо – нула е сума
зајачки дупки и дрвја празни
високи гранки, брегови мазни

За нови има изговори штури
со старите делел авантури
на крај само што не се откажа
сретна врапче на ноќна стража

„Лисецу, куме, шума зборува
чорапи немаш, дух ти согорува ,
од утрини виделе ги бараш
сам себе нервозно се караш!
Очај фрли, јас ги имам двата
реши равенката непозната

Кога чу Оли прсна ко ракета
ги доби назад сосе етикета
чорапите топло гнездо биле
добро тополо домче за пиле

затоа за возврат на сите тие  малечки врапчиња
им купи по еден пар топли шарени  чорапчиња


Извор: блог на Ненад Јолдески


Напишете коментар