од Ана Голејшка Џикова
Лисичката плетачка
се најде со лисецот Оли
оној, кај Ненад во песната
што бараше чорапки свои
Му рече: О бре лисиче
што не кажа дека чорапки немаш?
Па јас купче клопче до клопче имам
Бирај бои, што сакаш да си земаш!
Лисецот Оли, се израдува ко дете
зеде залет, се вивна како ветер.
Избра бои пет, шарени ко цвет
Клопче до клопче, за чорапки комплет.
Лисичката неуморна, смисли шари нови
Со иглите волницата ко кокошка да лови
Оли ја гледа, клопчето се смали
Чорапки излегоа, со линии прави.
Чудната шума сета се исчорапи
Лисичката плетачка отвори долапи
Ајде ајде, за секого има по еден пар,
Нека биде ова за сите топол дар!
Сега Оли има
чорапи и за в зима
Чудношумците исто така
оти чорапки секој сака!
Илустрација: Freepik





Напишете коментар