од Владимир Лукаш


Настинало магарето Њако,

и кркало витамини цело пакло,

пиело чаеви, сркало супи,

едвај чекало да викне ЈУПИИ!

Опавчето го болело,

грлцето му горело,

кивало и кашлало,

тоа магаре мало.

Кога ќе оздрави, ќе скока,

со ушите ќе си игра покер,

коњот ќе го закача бел,

ќе го истрча светот цел!

„Но, дотогаш мирување,

никако од кревет станување!“

– докторот кенгур на Њако му рече

и му подари жолто кадифено мече.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар