од Ванчо Полазаревски

Си биле
два коња,
два ата,
два сложни
брата.
Заедно паселе,
галопирале,
кога места не
ги држеле,
задоволно
‘ржеле.
Еднаш
ги збркале,
сосила
да се тркале.
Во трка за
трофеј славен,
едниот само
да бил главен.
Ама, двата ата,
двата брата,
така ја наредиле
што во трката
и обајцата победиле.
Не е можно?
Сѐ е можно,
само - сложно!
Илустрација: Freepik





Напишете коментар