CC BY-SA 3.0
  • 1. Евроазискиот рис е една од најраспространетите диви мачки во светот и може да се најде во шумите на западна Европа, Русија и централна Азија.
  • 2. Овие силни, опасни рисови се најголеми од нивниот вид и се третиот најголем предатор во Европа, по кафеавата мечка и волкот.
  • 3. Како месојадни животни, најчесто се хранат со животни како елените, срните и дивокозите, но кога има недостиг од храна, исто така јадат и помал плен како диви зајаци, лисици и куни. Како алтернативен плен се појавуваат и дивата свиња, различни глодари, па дури и лилјаци.
  • 4. Евроазискиот рис се смета за мошне таинствено суштество. Звуците што ги прави се многу тивки и често не се слушаат, а нивното присуство во некое подрачје може да остане незабележано со години!
  1. Кога доаѓа времето за хранење, Евроазискиот рис го демне својот плен од густата вегетација. Потоа скока врз својата кутра жртва и ѝ задава смртоносен касај  во вратот или муцката.
  2. Препознатливи карактеристики на Евроазискиот рис се црните китки на врвовите на ушите и долгиот бел „гривест“ дел на лицето. Има сива, кафеавоцрвена или црвена боја на крзното, кое станува погусто во зима. Неговото крзно исто така има шари, речиси секогаш со темни дамки.
  3. Иако може да лови и преку ден (особено кога има недостиг од храна), Евроазискиот рис главно е ноќно или самрачно животно (активно на изгрејсонце и зајдисонце). Преку денот спие во густа вегетација. Ззззззз.
  4. Оваа голема мачка е долга околу 90-110 см и висока околу 60-70 см.
  5. Во дивината, Евроазискиот рис може да преживее до 17 години. Рисовите во засолништа знаат да живеат и до 24 години.
  6. Во Европа, рисот некогаш бил на работ на истребување, со бројки кои се спуштиле на околу 700 помеѓу 1930 и 1950 година. Добрата вест е дека работата на заштита на овој вид им овозможи на популациите да се вратат – или да скокнат! – со бројка која се зголеми 10 пати во последните 50 години. Ура! Сепак, сѐ уште е потребно да се вложат напори, бидејќи незаконскиот лов и загубата на живеалишта сѐ уште претставуваат закана за овие прекрасни мачки.

Балканскиот рис (науч. Lynx lynx balcanicus) е подвид на Евроазискиот рис. Тој е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.

Балканскиот рис ја сочинува најмалиот и најзагрозен автохтон подвид на Евроазискиот рис и се смета за критично загрозен, а бројот на рисови во Македонија се смета дека не е поголем од 50 единки.

Главно е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Главни живеалишта на рисот се: листопадни (букови, дабови, габерови) шуми, зимзелени (елови и борови) шуми и мешани (елови и букови) шуми, но населува и фрагментирани шуми и шибјаци. Карпестите осончани места ги користи за дневен одмор. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта.

Напишете коментар