од Владимир Лукаш
Таа чавка има неколку сенки,
јаде мушмули, киви и дренки,
кога ја боли глава не пие апче,
од неа и маче се плаши ко врапче.
Црна е ко глувче кое катран јадело,
ко мракче кое ноќи садело,
ко спалната соба на кртот слеп,
ко џем намачкан на ’ржан леб.
Таа се капе секое пладне,
дур сета нечистотија не ѝ падне,
и штом замириса на шарен цвет,
се вивнува во величествен лет.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.





Напишете коментар