од Кристина Краличин

Тигрестиот комарец Дури денес сфати Колку е важен И за глава се фати. Не сум ни знаел Дека со тигарот сум ист Секој нека бега Патот да ми е чист. Затоа што ако Се налутам лесно Ќе за’ржам силно И ќе погледнам бесно. Јас како и тигарот Око кај што фрлам Нека му се мисли Оној по кого ќе тргнам. И сѐ долго ќе траеше така да не беше оваа клима Додека славата му дојде Фати лута зима.
Илустрација: freepik





Напишете коментар