од Ванчо Полазаревски

1.
Пуканка
од небо падна,
земјата стана
ладна.
(кликни тука за одговорот)

2.
Сребрена пара
во ноќта езди,
го осветлува мракот
со сестрите ѕвезди.
(кликни тука за одговорот)

3.
Божем дреме,
а за час мерка 
ќе ти земе.
Живее во 
реката Нил, 
опасниот...
(кликни тука за одговорот)

4.
Печка не е,
парно не е,
сите нè грее
а на никој не е.
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

Еден одговор на “Гатанки чудни за деца будни (3)”

Напиши одговор на mmhumanity Откажи одговор