од Ванчо Полазаревски

Зошто 
баба желка
ретко, ретко
се нервира?
Затоа што
редовно 
џогира.
 
И, ич не 
ја тангира,
што колку 
и да вјаса,
сè живо 
ќе ја превтаса.
 
Само ќе го
сврти оној
нејзин поглед
дрвен,
кон цветот
црвен:
 
– Мило, сега 
знам и сама,
вистина е што 
рече мама:
„Ќерко моја, 
желко мила,
во бавноста 
е нашата сила“.

Илустрација: Алексеј Костовски


Од истиот автор:

Еден одговор на “Желката џогира”

Напиши одговор на mmhumanity Откажи одговор