од Ванчо Полазаревски

Ако видите 
покрај река
мачор 
како шета,
тоа е мачорот
Естета.
Го видов есен рана,
покрај река 
ловеше храна.
Риба, се разбира.
И, имаше среќа
фати крап, 
мајко мила,
крап од
две кила,
и кога требаше 
мустаќ да слади,
крап да јади,
се загледа тој
во него и си рече:
„Каква убавина
каква линија?!
Ова нешто
не е за во чинија.“
Без многу да чека
го врати крапот в река.
Остана гладен, штета,
чудниот мачор,
мачорот Естета.
И затоа, ви велам,
ако видите мачор
како замислен 
покрај река шета,
гладен а среќен,
тоа е тој – мачорот Естета.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

2 Одговори на “Мачорот Eстета”

  1. Уживам во гатанките и песничките. За идејата не постои карантин

    Ми се допаѓа

  2. Илустрациите се извонредни

    Ми се допаѓа

Напиши одговор на Sonja Откажи одговор