од Андреј Розман Роза
Креветот е веќе спремен, а под ќебе гуштер зелен. Го клоцнеш ли пред топол сон, ќе те касне право в ѓон. Викнеш ли од страв, ќе го разбудиш смокот прав, кој спокојно мустак мие и под постела мирно спие. Од него никој нема страв, не е тој ко змиите прав! А кога од страв угоре ќе врисне, и до тебе удри, стисне, силно знае тој да стегне и секого в постела да легне. И затоа прчиш нос леташ надвор – среќа бос, фрлаш чевли, правиш лом, во нив скорпија свила дом. Сега станува страшно. Стравот сее бело брашно сега, сега, канџа ќе те фати, сенка црна ќе ти плати и вампир некој или волк, на бегање ќе ти фати колк. Сега од сè имаш страв, сам ноќе, полно прав. Гледаш едно големо цвеќе, и од него бегаш, не знаеш веќе, цвеќе ли е или ѕвере, има полен или месо ждере. Еве помош, еве батко, но крадец бил на вкусно слатко, жив го фати како крка и со раце плен си срка. Штом те гледа како крава, може да ти летне глава. „Помош!“ гласно викаш в силен тон. СЕГА СПИЈ И МИРЕН СОН.
Препев од словенечки: Дарко Спасов
Илустрација: Катерина Николовска
© Андреј Розман Роза. © Чудна шума, за оваа објава. Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на овој текст во целост ниту во делови.





Напиши одговор на Владимир Откажи одговор