Кон книгата „Хработо срце Хермит“ од Асије Јилдирим, илустрирации Хусејин Сонмезај, превел: Васко Марковски
Пишува: Елена Копртла

„Се претпоставува дека до 2050. година во морињата ќе има повеќе пластика одошто жив свет“… или „во Тихиот Океан во моментов плови количина на пластичен отпад со двојно поголема површина од државата Тексас“… се само мал дел од поразителните наслови кои секојдневно ни проаѓаат на екраните. Количината на пластичен отпад со кој е задушена планетата е неверојатна.
Во сликовницата „Храброто срце Хермит“, со поднаслов „Ни насон без својот дом“, турската авторка Асије Јилдирим го доближува проблемот со пластичниот отпад на децата преку приказната на малиот рак Хермит кој ја надраснува куќичката и мора да најде нова школка за свој дом. Инаку, самото име Хермит е називот за ракчињата-самотници (hermit crab) кои собираат празни школки за да се заштитат. Повеќето видови се водни и живеат на различни длабочини – од плитки корални гребени и крајбрежја до длабоките морски дна.
Малиот Хермит сонува за нова, шарена и голема школка во која ќе се смести. Но, кога Хермит и неговите пријатели од колонијата почнувааат со потрагата по нови домови, ќе се соочат со страшната реалност – на плажите луѓето оставиле илјадници пластични чаши, шишиња и лименки, а како сувенир со себе ги понеле школките. И нивниот пријател, ракчето Јампирик, наместо во школка се сместил во една пластична чаша. Благодарение на нашиот суперјунак Хермит и помошта на пријателите и децата од целиот свет, нивните домови (барем засега) се спасени.
Но, што во иднина? Како да се стави крај на безмилосното трупање на отпадот и да се зачуваат нашите мориња, езера и реки? Како и малото ракче, никој не е премал и ништо не е премалку за да направи промена.

Илустрации: Хусеин Сонмезај






Напишете коментар