од Владимир Лукаш

Има еден еднорог смотан
што не разликува прополис од пропан,
што мисли дека мачката е волк
и вревата ја нарекува – молк.

Единствен е од својата сорта
што минал низ митската порта,
но животните го сметаат за свој,
иако штиците не му се на број.

Тој се вика Димитар
и свири на ситар,
но в шумата сите
го викаат Мите.

Вљубен е во носорогицата Рина
која в чудење зина,
кога еднорогот без акал
ѝ шепна: „Те сакам“.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар