од Славе Ѓорѓо Димоски

Влегов во светот
на диносауруси
и еве ви ги праќам                                         
впечатоците куси:
Глетка – прекрасна
со треви и води,
не многу гласна
но со чудни згоди.
 
Џинот брахиосаурус
го кренал својот врат
пред алосаурусот
– најкрвавиот брат.
 
Луто деиноникусот
го демне хадросаурусот
пред тираносаурусот
дреме сколосаурусот.
 
И многу, многу згоди
Во овој чуден лов,
додека не ме изгони
сонот – времеплов.

Дизајн/илустрација: Freepik.


Од истиот автор:

Напишете коментар