од Ванчо Полазаревски

Ѝ се жали петелот
на наша Славица
многу страдал од
вртоглавица.
„Тешко ми е,
провев ме уби
од сите страни...“
и почна да реди
триста маани.
Славко ѝ рече
на Славица
по повод оваа
вртоглавица:
„Белки на господинот петел
од нашата медицина
живеачката ќе му
биде пофина.“
„Диши, не диши...
петлу, зини...
ко да си од челик,
толку си јак...
и да не си нѐ викнал
за ништо пак.“
Петелот од
радост блесна
и ја кукуригна
најновата песна.


Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар